-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Интер одбил двајца напаѓачи понудени од Раиола

Најчитани вести

Финансиската ситуација во Интер не е на посакуваното ниво и покрај мега трансферите на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, но италијанскиот првак мора да ангажира уште еден офанзивен фудбалер.

Трансферот на Един Џеко не е доволен за амбициите на Симоне Инѕаги и клубот, а тоа го знае и Мино Раиола, кој имал конкретни понуди за Интер.

Најпрвин го понудил Моисе Кеан од Евертон, што експресно било одбиено од раководството, за во вториот случај на дневен ред да дојде Маркус Турам.

Французинот би ја напуштил Борусија Менхенгладбах за да настапува во Серија А, но Интер ја отфрлил опцијата поради цената која е најмалку 30 милиони евра.

Медиумите тврдат дека и натаму Интер е најзагреан за Жоакин Кореја од Лацио и тој е прв избор на Инѕаги.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com