18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Интер на пат да се откаже од купувањето на Лукаку

Најчитани вести

Белгиецот е цел број 1 за тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте.

Јунајтед нема намера да го попречува играчот, но како што честопати се случува, сè се врти околу парите.

Претходно овој месец, „црвените ѓаволи“ ја отфрлија понудата на Интер за 54 милиони фунти за Лукаку, кои ја вреднуваат својата sвезда на 80 милиони фунти. Марота сега навести дека неговиот клуб не планира да плати толку голема сума.

– Направивме значајна понуда што е во согласност со трансферната вредност на играчот и не успеавме да склучиме договор. Клубот направи големи инвестиции и убедени сме дека веќе сме во многу добра позиција. Ние сме подготвени да ги искористиме можностите, но во денешно време цените се превисоки. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата бидејќи се може да се случи на пазарот, изјави Марота за „Скај Спорт Италија“.

Според италијанските медиуми, Интер го идентификувал Единсон Кавани како алтернатива на Лукаку.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести