15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Интер и Челси покажале интерес за Пјаниќ

Најчитани вести

Миралем Пјаниќ е подготвен да ја напутши Барселона во летниот преоден рок. Репрезентативецот на БиХ, минатото лето се пресели на „Ноу Камп“. Во Барселона пристигна како големо засилување, меѓутоа не успеа да се избори за место во тимот кај Роналд Куман.

Најтиражниот спортски весник во Каталонија, „Спорт“, во денешното издание пишува дека два клуба покажале сериозен интерес за Пјаниќ. Станува збор за новиот италијански шампион, Интер и финалистот во Лигата на шампионите, Челси.

Пјаниќ сезонава настапил на само 28 натпревари за Барселона, односно на теренот минал 1.265 минути. Последен пат на теренот се појавил во март, на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести