7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Интер дополнително го засилува составот: Нови две засилувања доаѓаат на „Меаца“

Најчитани вести

По бомбастичниот старт на новата сезона во Серија А, фановите на Интер ќе имаат нова причина за задоволство.

Имено, клубот е пред ангажман на уште две големи засилувања со кои ќе се заокружи еден одличен трансфер период за нив.

Веќе е јасно дека Интер е речиси на прагот од договор со Манчестер Јунајтед за Алексис Санчез. „Скај Италија“ јавува дека денес ќе бидат одржани дополнителни преговори по што треба ситуацијата да биде многу појасна.

Проблем во овој трансфер претставува повредата на Антони Марсијал за кого од Јунајтед чекаат финален извештај до крајот на денот. Ако истата не биде од посериозен карактер ќе му биде дозволено на Алексис да се пресели во Интер.

Второто засилување за „нероазурите“ ќе биде левиот бек на Фиорентина, Кристијано Бираги. Договорот не зависи од заминувањето на Далбер, па така Бираги во следните денови и официјално ќе стави потпис на договор со Интер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com