10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

„Интерфест“-Битола додели постхумно признание за Благоја Стефановски-Баге

Најчитани вести

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ додели постхумно признание и благодарница на Благоја Стефановски-Баге, еден од втемелувачите на фестивалот кој пред 30 години првпат се одржа во Битола.

-Благоја Стефановски-Баге се смета за најголем поттикнувач на идејата за востановување на „Интерфест“ и долгогодишен поддржувач на културниот настан кој на едно место, во Битола ги собира познатите уметници од класичната музика од сите страни на светот, посочи директорката на фестивалот Милица Шперовиќ Рибарски, која признанието го врачи на неговиот син, Бојан Стефановски.

На истоимената сцена во Битолскиот театар, „Интерфест“ додели признание и на градоначалничката Наташа Петровска за која, како што рече Шперовиќ Рибарски, се заслугите што успеа да се реновира Офицерскиот дом во Битола, објект во кој се наоѓа една од најубавите и најакустичните сали за концерти на класична музика.

Јубилејното 30. издание на „Интерфест“ синоќа почна со импресивна изведба на операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало под диригентстката палка на Бисера Чадловска, а продолжува вечер со концерт на дуо пијано Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија кои ќе изведат дела од Дебиси, Равел и Форе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com