27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Интерпелацијата за министерот Спасовски на дневен ред во Собранието

Најчитани вести

Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да биде министер за внатрешни работи затоа што, оној што помага некому да стори кривично дело или кој го толерира, е одговорен исто колку и сторителот“.

Собранието во 2019 година не ја прифати интерпелацијата на Спасовски, тогаш поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

На дневниот ред меѓу другите се и предлог законите за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог програмата за изменување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година, како и за предлог законите за изменување на Законот за данокот на добивка, за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, и за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите во прво читање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести