26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Интернет-саем на книгата до 30 април

Најчитани вести

Првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk организира онлајн саем на книгата што ќе трае до 30 април. Оваа веб-книжарница, која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство, годинава во чест на Светскиот ден на книгата и традицијата на одржувањето пролетен Саем на книгата во земјава, нуди над 600 изданија од издавачите „Три“ и „Паблишер“, но и од уште 13 други, со соодветни попусти и бесплатна испорака. Саемската понуда е достапна за сите читатели, а организаторите напоменуваат дека процесот на нарачување на книгите и испораката се брзи и безбедни. Укажуваат и дека заинтересираните можат да ги искористат предностите на виртуелната книжарница и да прочитаат извадоци од книгите пред да ги нарачаат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести