17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Интервју со д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог: Озонска терапија и дијабетес – предизвик на денешницата

Најчитани вести

Терапијата со озон овозоможува холистички пристап на лекување, кој е основен во третманот на дијабетесот и неговите макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест) и микроваскуларни компликации

Озонската терапија помага во лекување на улкусите на дијабетичното стапало, превенирајќи од ампутација, со зголемување на циркулацијата во долните екстремитети и ограничувајќи ја инфекцијата. Во Клиниката болница „Жан Митрев“ постојат различни видови на апликација и примена на озонската терапија (озонирана вода, озонирано масло, ректална инсуфлација, автотрансфузија со озон и озон терапија со машина за вонтелесен крвоток). Истата за прв пат е воведена во 2008, и оттогаш се применува кај пациенти кај кои постои индикација, како што се пациентите со дегенеративни ревматолошки заболувања, со рани, инфекции, мозочен удар, терминален стадиум на малигни заболувања, пациенти со дијабетично стапало, гангрена, улцерозен колитис, сепса и слично.

Во разговорот, д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог, ги претставува придобивките на озонската терапија во третманот на пациентите со дијабетес тип 2 и нејзиниот механизам на делување.

– Дијабетес тип 2 опфаќа околу 90% од сите пациенти со дијабетес и истиот може да се превенира. Се смета дека десетина години пред поставување на дијагнозата, кај пациентот веќе се појавува одреден степен на инсулинска резистенција која може да биде присутна и при вредности на инсулинот и гликемијата во крвта во нормален ранг.

– Озонската терапија во медицински цели за прв пат започнала да се применува во Првата светска војна каде биле третирани раните и инфекциите. Таа претставува гранка на натуропатијата и е ветувачка медицинска терапија со потекло од алтернативната медицина. Озонот ја засилува доставата на кислород до сите ткива резултирајќи со подобрена циркулација, намален оксидативен стрес, намалена инсулинска резистенција со подобрување на гликемиската контрола и контрола на инфекциите од различен тип. Со тоа, терапијата со озон овозоможува холистички пристап на лекување, кој е основен во третманот на дијабетесот и неговите макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест) и микроваскуларни компликации (ретинопатија, нефропатија и невропатија). Озонската терапија помага во лекување на улкусите на дијабетичното стапало, превенирајќи од ампутација, со зголемување на циркулацијата во долните екстремитети и ограничувајќи ја инфекцијата.

– Иако лековите кои се користат во третманот на дијабетесот, вклучувајќи ја и инсулинската терапија, се одлични, тие немаат влијание врз оксигенацијата на системските телесни клетки, па затоа е време терапијата на дијабетесот да се интегрира заедно со озонската терапија.

– Во клиничката болница „Жан Митрев“ постојат различни видови на апликација и примена на озонската терапија (озонирана вода, озонирано масло, ректална инсуфлација, автотрансфузија со озон и озон терапија со машина за вонтелесен крвоток). Истата за првпат е воведена во 2008 година и од тогаш се применува кај пациенти кај кои постои индикација, како што се пациентите со дегенеративни ревматолошки заболувања, со рани, инфекции, мозочен удар, терминален стадиум на малигни заболувања, пациенти со дијабетично стапало, гангрена, улцерозен колитис, сепса и слично.

Нашиот тим од професионалци комплетно ќе Ве поддржи и за само една здрава озонирана клетка. Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com