14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Интервју со Биљали: ДУИ е како давеникот што се фаќа за сламка, не верувам дека ќе бидат дел од идна комбинација

Најчитани вести

Најавата на ДУИ дека нема да коалицира со партија која не ги прифаќа Преспанскиот и Рамковниот договор е предизборен трик на партија која не стои баш најдобро на анкетите и како давеникот што се фаќа за сламка, се обидуваат да се спасат, вели професорот и поранешен пратеник, Мерсел Биљали во интервју за Локално.

Според него, се прават напори со помош на важни дипломатски структури да се создаде амбиент во кој ќе се донесат промени, бидејќи е непреиродно една партија 20 години да биде дел од власта. Биљали смета дека наредната владејачка коалиција ќе ја создадат бројките, односно партии кои ќе добијат доволно пратеници за една нормална функционалност, но и дека нема да има трајни сојузништва помеѓу политички партии.

Тој не верува дека партиите на Алабнците ќе побараат премиерско место за коалиција, бидејќи големината на гласачкото тело го одредува премиерот, но вели дека ќе продолжат во насока собранискиот спикер да биде Албанец.

Локално: Како гледате на најавата на ДУИ дека не би коалицирале со партија која не ги прифаќа Преспанскиот и Рамковниот договор, дали е тоа предизборна реторика, или пак демант на шпекулациите дека почнале некаква коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ?

Биљали: Милсам дека тоа е повеќе предизборен трик. Не гледам дека во таа партија има принципиелни однесувања последниве неколку години. Кога тие биле спремни да прифатат во грбот и амблемот да биде партиски знак на една политичка партија, не гледам дека тоа е многу сериозна работа, но претпоставувам дека тоа може да им донесе некаква поддршка оти не стојат баш најдобро на анкетите и се надеваат, како давеникот што се фаќа за сламка, не верувам дека тие ќе бидат дел од некоја идна комбинација.

Локално: Политичките партии на Албанците кои во моментов се во опозиција се обединуваат. Дали гледате во нив дел од идната владејачка коалиција?

Биљали: Моите информации говорат дека се прават напори, дури помагаат и дипломатски важни структури да се создаде еден амбиент кој ќе донесе некакви промени оти неприродно е една партија 20 години да биде дел од власта, позитивно е и за таа партија, да се исчисти внатре. Ако евентуално таа партија продолжува да биде дел од влада, тоа би било надвор од секоја логика, надвор од секој политички баланс.

Локално: Гледате ли можна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со оној блок на моментално опозициски партии на Албанците, за да формираат влада?

Биљали: Мој впечаток е дека наредната коалиција ќе ја определат бројките, во мисла бројки кој се совпаѓаат за една нормална функционалност, не верувам дека ќе има трајни сојузништва помеѓу групи и политички партии.

Локално: Што мислите за влегување на ДУИ со помалку пратеници во било каква власт каде ќе бидат и партиите на Албанците кои се моментално во опозиција?

Биљали: Не верувам, тоа може да биде многу почувствително во моментов. Слушнав и изјава од ВМРО-ДПМНЕ, дека во иднина нема да се осврнат на тоа што е мнозинство кај албанскиот блок. Мора да поаѓаме од една реалност, односно тоа што се случи пред три години не може да се каже дека е добивка, зошто беше зграпчена целата држава, сите институции и не може да кажете дека сте победник. Победник сте ако победувате во реални избори, така што кај албанскиот дел, повеќе ќе се гледа како ќе заврши соодносот кај македонскиот дел и веројатно ќе се направи коалиција за стабилно да функционираат. Мислам дека и Албанците веќе не прават голема разлика во тоа, иако има многу направено сегашната власт во однос на надворешни прашања и тоа мора да се признае, но внатре гледам дека не постои некоја голема дистинкција, особено ако гледам дека и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ се во насока дека ќе ги поддржуваат клучните моменти за интегрирање, иако пред неколку дена слушнавме дека ако добиеле дво-третинско мнозинство, но тоа е веќе хипотетичко нешто што не може да се случи.

Локално: Дали мислите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитуваат Преспанскиот договор доколку дојдат на власт?

Биљали: Јас мислам дека тие немале изјава во смисла дека нема да го почитуваат Преспанскиот договор. Тие имаат различна квалификација во однос на Законот за јазиците, но не гледам дека и таму се турбо загреани за таа работа, ако влезат во власта, изгледа дека се испеглано би продолжиле по стаорото.

Локално: Го споменавте Законот за јазици. ВМРО-ДПМНЕ веќе го имаше прифатено Предлог-законот за јазици пред менување на власта, односно кога се бираа коалициите, зошто не би го прифатиле сега?

Биљали: Во политикитата нема работа која се договара и е завршена како таква, многу нешта се менуваат и неминовно ќе треба да се пазарат и тоа е процес. Што и да е кажано пред изборите е исто како да е кажано пред лов или пред рибарење. Не би ги сфатил многу сериозно, тоа се калкулации во насока да се привлече гласач повеќе, но ќе видиме. Мој впечаток е дека има големо разочарување и кај Македонците и кај Албанците, не знам колкав ќе биде процентот на луѓе кои ќе излезат на гласање и дали ќе може да се повикаме на кредибилитет или легитимитет на власта ако имаме некаков тивок бојкот, не знам колку ќе успејат политичките партии да ги анимираат гласачите. Мислам дека тешко сфаќаат нашите политичари дека економскиот сегмент е клучен, се друго може да биде помошно, но економскиот развој е важен, мора да има надеж за наредните генерации.

Локално: Мислите ли дека партиите на Албанците би оделе чекор понатаму, да побараат премиерско место?

Биљали: Не знам дали може за премиер оти сепак се внимава која е поголема партија, тоа се правилата на игра, но верувам дека ќе продолжи во насока на претседател на Собранието, евентуално во иднина и претседател на државата, функцијата премиер е повеќе одраз на добиените места во Парламентот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com