23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Интервју со Беса Адеми, Претседател на Врховен Суд: Дали ќе се врати довербата на граѓаните во правосудството?

Најчитани вести

Пред точно два месеци, во Врховниот суд се избра нов претседател. На оваа позиција со 20 гласа „за“ и еден „против“ беше избрана судијката Беса Адеми.

Претходно на оваа позиција, како вршител на должноста беше Фаик Арслани, кој го замени Јово Вангеловски. Како информација, Врховниот суд за прв пат официјално е предводен од Албанец.

Во Северна Македонија, како што сите ја гледаме реалноста, правдата не е на посакуваното ниво, иако некои истражувања на европскиет организациции велат дека има напредок во правдата и борбата против корупцијата.

Сепак, најнезадоволни од правдата се Албанците, со оглед на драконските казни што им беа изречени во различни случаи. За ова, Албанците во протестите што ги организираа велат дека правдата во Македонија е слепа, правдата за некого мајка а за некого маќеа, без правда нема мир и така натаму.

Новинската агенција Журнал спроведе кратко интервју со цел да ги открие плановите и на што ќе се посвети судијата Адеми со цел да се подобри имиџот на правдата во нашата земја.

1.Кога се кандидиравте за претседател на Врховен Суд знаевте што ве очекува, колку сте подготвени да се справувате за заздравување на состојбите во судството?

Адеми: Изборот за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, за мене претставува голема чест, но и одговорност со професионален предизвик за успешно функционирање на судството и забрзано спроведување на тековните реформи како значаен сегмент во градењето на европските и светските стандарди во правниот систем, унапредување на владеењето на правото и почитување на човековите права.

Пред Судскиот совет на Република Северна Македонија дадов заклетва дека функцијата Пртседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе ја вршам чесно, законито, совесно, независно и одговорно, почитувајќи го Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани со устав и закон. Воедно се обврзав кон јавноста дека заедно со своите колеги од Врховниот суд и судовите за кои Врховниот суд има надлежност, сплотени заедно ќе работиме да се врати довербата на јавноста во судскиот систем, тој процес да се забрза и да се унапреди преку обезбедување на квалитетна правда и конзистентност на пресудите.

  1. До каде е нашата држава во исполнување на европските стандарди за ефикасно правосудство

    Адеми: Хармонизацијата на судството во Република Северна Македонија со Европското законодавство е процес кој подолго време успешно се одвива, што значи дека македонското законодавство е скоро во целост усогласено со европското, а оценката за успешноста на хармонизацијата и имплементацијата е инкорпорирана во извештаите за напредокот на Република Северна Македонија кон интеграцијата во Европската униија. Во последниот изештај на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2020 година констатирано е дека е постигнат добар напредок во спроведување на реформата на судскиот систем со решавање на итните реформски прериоритети согласно препораките од Венецијанската комисија и Групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото, како и тоа дека законската рамка е во голема мера во согласност со Европските стандарди.

    Она што е посебно битно и од огромно значење за нашата Држава е дека мора да продолжат напорите за имплеметација на новите законски решенија во кои се инкорпорирани основните вредности на Европската унија во обезбедување на независен, квалитетен и ефикасен судски систем во кој фундаметалните права ќе се почитуваат во закон и во практика.
  2. Што зема во предвид Врховниот суд кога постапува по жалби од граѓани, адвокати или други страни. Дали Судот паѓа под влијание на одлуките на судовите од пониските инстанци.

    Адеми: Врховниот суд на Република Северна Македонија во постапувањето по поднесените правни лекови своите одлуки ги заснова врз основа на Уставот, законите и Меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
    Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд во државата е надлежен да одлучува во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови, по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон, да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Вишиот управниот суд и друг суд. Исто така, Врховниот суд на Република Северна Македонија е надлежен да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права, како и да врши други работи определени со закон.

    Својата функција да обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите Врховниот суд ја остварува со донесување, односно со утврдување на начелни ставови и начелни правни мислења по одделни правни прашања, кои се задолжителни за советите на Врховниот суд, а имаат влијание и врз пониските судови во унапредувањето на судската практика за усогласена примена на законите од сите судови.
  3. Дали одредени политичари сакаат да влијаат или сакале да влијаат директно или индиректно во вашата работа при одредени случаи. Дали тоа се случило во вашето претходно работење во Судот.

    Адеми: Неодамна во моето поздравно обраќање на Свечената академија по повод одбележувањето на 31 Март денот на судството во Република Северна Македонија, споменав дека „Влијанијата на судиите не можат да се исклучат во ниедно општество, свесни сме, реални сме, дека не постои совршен правен систем во кој судовите во практицирањето на судската власт не се соочуваат со обиди за влијание, но ако судијата поседува интегритет, се држи до законот и етиката, тогаш никој не може да влијае врз неговата работа“. Интегритетот на судијата е најважен за што тој како дел од судскиот систем поединечно треба самиот да ја штити личната незвисност и непристрасност, а со самото тоа да се обезбеди целосниот интегритет на судството.

    Законодавната и извршната власт треба да гарантираат дека судовите се независни, примерен интерес и цел на секоја држава со полн демократски капацитет треба да претставува грижата за обезбедување на суштинската независност и непристрасност, авторитет, достоинство и адекватно позиционирање на судската власт во системот на поделба на власта, бидејќи, „Политиката можеби е надмоќна во дефинирање на правото, но судството е надмоќно во неговата примена“.
  4. Скоро на секои протести иницирани од страна на албанците, се вели: „Правдата за некои мајка, за некои маќеа„ и „Без правда нема мир„. Дали ќе се подобри пристапот до правдата за албанците во РСМ за и тие да бидат еден ден задоволни од правосудниот систем.

    Адеми: Правдата треба да е подеднакво достапна за сите граѓани, пристапот до правдата е предуслов за остварување на човековите права и неможе да се условува од полот, расата, националното, етничкото и социјално потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
    Со принципот на еднаквост пред законот се заштитува еднаквоста во слободите и правата на секој човек кое значи забрана на привилегии и повластици за едни во однос на други, поточно законот да е еднаков за сите, било кога заштитува, било кога казнува. Овој принцип со зборовите на големиот Гете „пред да казниш или помилуваш мораш во човекот да го видиш човекот“ најафтентично ја изразува тежината но и големината на судиската функција во примената на правото, водејќи сметка за правдата.
    Оттука, несомнено, непристрасен и праведен судски систем, со еднаков пристап за сите граѓани треба да биде не само цел и стремеж туку и практика на судството во Република Северна Македонија.
  5. Веќе неколку години од страна на Министерството за правда е најавен ветинг, особено во правосудството. Колку сте подготвени за тој ветинг и колку тоа би го подобрил правосудскиот систем?

    Адеми: Ветингот како процес на проверка во вршење на функцијата претставува систем на институционализирани проверки на вршителите на јавни функции со цел проценка на соодветноста на нивната работна позиција, поведение и интегритет vis à vis функцијата која ја извршуваат или треба да ја извршуваат. Самиот поим ветинг значи проценка на подобноста и соодветноста за вршење на јавната функција. Судиите како претставници на една од трите власти, се под постојан мориторинг од страна на најшироката јавност за што во вршењето на судиската функција сме исправени пред предизвикот на зголемување на довербата и степенот на позитивна перцепција кај гаѓаните кон судството како една од трите власти.

    Поучени од регионалните искуства а имајќи ги во предвид укажувањата на европската комисија да не се спроведува ветинг во Република Северна Македонија сметам дека судството има доволно сили и механизми во рамките на постоечките надлежни институции, (како што се Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за јавни приходи и слично), да ја спроведе потребната проверка на судиите. Критериумите за проверка на судиите треба да се засноваат на веќе воспоставените професионални и етички стандарди, морален интегритет, компентентност, професионалност, независнот и непристрасност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести