17.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Инструкторот паднал во несвест, ученикот преземал: “Ова е мојот прв лет” – им рекол во контрола и почнал да слетува

Најчитани вести

Макс цело време бил мирен и ладнокрвен. Со помош на разговорот со контролата за летање, успеал да го приземји авионот.

Момчето од Австралија, Макс Силвестер, кој бил на обука за управување со мал авион, успешно го приземјил леталото на својот прв лет, откако инструкторот му се онесвестил. 

Тоа за Силвестер бил прв лет во едномоторен двосед тренинг авион, а неговата сопруга и трите мали деца го гледале од земја, наведува BBC.

Аудио снимката од неговиот разговор со контролата за лет на аеродромот Џендакот во јужното предградие на Перт била објавена денес.

Макс бил неверојатно смирен кога сфатил дека инструкторот за летање му паднал во несвест на лет во саботата. 

“Знаете ли да управувате со авион?”, го прашал операторот.

“Ова е мојот прв лет”, одговорил Силвестер, додавајќи дека никогаш претходно не приземјил авион.

Контролорот му велеле да кружи со авионот над аеродромот, додека му ја објаснувал постапката за слетување.

Силвестер по некое време успешно слетал и ги воодушевил присутните со својата храброст и ладнокрвност./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести