36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Институтот за белодробни заболувања добива мобилна клиника

Најчитани вести

Мобилна клиника ќе биде промовирана денеска во дворот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Станува збор за реализација на проект на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА, која целосно ја опреми мобилната клиника

Од ТИКА информираат дека донирале и медицинска опрема за потребите на Институтот.

Мобилната клиника, според доанторите, ќе го олесни пристапот на здравствените услуги на населението најнапред од руралните средини со тоа што ќе има поголема контрола врз состојбата со туберкулоза, пристап кон хронично болни и пристап кон населението кое не е во состојба да оди во некоја здравствена установа.

Во мобилната клиника ќе има ЕКГ, хематолошки бројач, инфузомат, дефибрилатор и друга опрема за изведба на рентгенографија, земање крв за крвна слика и лабораторија, земање исплувок за микробиолошки испитувања, тензија, пулс оксиметрија. Мобилната екипа ќе биде составена од одговорен специјалист, вработен во институтот, медицинска сестра, стажант и друг потребен персонал за истата работа. За информација на населението за мобилната клиника ќе бидат одговорни општинските власти на посетените места.

На настанот, како што е најавено ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, програмскиот координатор на ТИКА, Халим Омер Согут и директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Сеат Зејнел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести