13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во зоолошка

Најчитани вести

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во скопската зоолошка градина. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.

Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ зоолошката градина ја почнува кампањата за заштита и благосостојба на животните.

– Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато сè она што е забрането – велат од зоолошка.

Строго забрането е хранење и допирање на животните, какво било вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони.

Животните имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив.

– Имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко или, пак, голем дел животни за кои зелката е најштетна. Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување миленик – наведуваат од зоолошката градина.

Оттука ги потсетуваат сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести