Инспектори ја „чешлаат“ концесијата на Охридското езеро

    0

    Се чешла документацијата на концесионерот на рибниот фонд за стопански риболов на Охридското езеро.Државниот инспекторат за земјоделство ,трудова и пазарна инспекција се на терен за да утврдат дали има злоупотреби во работењето на концесионерто по обвинувањата од страна на рибарите. Извештајот од надлежните треба да биде готов деновиве.

    Доколку се утврди дека обвинувањата на рибарите се вистинити ќе ве информираме за мерките кои во иднина ќе се преземат.” – велат од Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

    Рибарите од Радожда обвинија дека се толерира незаконското работење на концесионерот и тврдат дека има и подконцесионер на струшкиот дел од езерото кој рибите им ги откупува по ниска цена без договори за работа.

    Рибарите предлагаат измени во законот за рибарство,тие сметаат дека концесијата треба да се даде на рибарите а езерото да се подели на риболовни зони ,на сметка на тоа секој рибар да плаќа одреден надоместок на државата а не да се дава на правни субјекети кои немаат никаква одговорност кон езерото и рибниот фонд.

    Новиот концесионер на Охридското езеро струшката фирма Летница Белвица ги негира обвинувањата и тврди дека работи согласно законот.

    Инаку доделување на концесијата за езерото на Милорад Чавковски беше проследено со низа обвинувања за пропусти и незаконски постапки но сите жалби беа одбиени.