17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Инспектори затвориле тетовски локал во кој затекнале 80 гости

Најчитани вести

Тетовската полиција во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршилa контрола во угостителски објект на улицата „Видое Смилевски Бато“, во кој биле затекнати околу 80 гости.

Објектот бил затворен од ДПИ, а одговорното лице, 38-годишниот Д.С. од Мала Речица, бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести