14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Иновативна еко-зона во центарот на Скопје

Најчитани вести

Во центарот на Скопје, на 8-ма Ударна Бригада 2 (помеѓу Шведска амбасада и Маркт во Центар), денеска ќе биде отворена иновативна еко-зона во присуство на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер и директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин.

„Овие иновативни еко-зони се наоѓаат на територија на три скопски општини, на кои се поставени смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен ви-фи интернет. Зоните се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ќе ја создадат ‘Биди Зелен‘ зоната. Зоните се поставени на стратешки локации и со тоа ќе се едуцираат најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, електричниот транспорт и рециклирањето на секундарни суровини. За промоција и едукација ќе се користи рециклирана садлива хартија кои откако децата ќе прочитаат ќе ја засадат во саксија и ќе научат за циркуларната економија“, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

Оваа зелена зона е овозможена преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести