5.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Инициран нов закон за дивоградби

Најчитани вести

Владата денеска иницирала нов закон за решавање на правниот статус на дивоградбите и го задолжила Министерството за транспорт и врски за 15 дена да достави Предлог на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти.

„Од предлог законот треба да бидат иземени сите видови на бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата на УНЕСКО, утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, информираат од Владата.

Во Предлогот на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти треба да се утврди висината на надоместок за уредување на градежно земјиште, решение со кое од плаќање на надоместокот ќе бидат ослободени барателите кои се корисници на парична помош од социјална заштита, други јавни субјекти, како и верските објекти.

Најнови вести