7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Инзаги: Очекувавме победа, ова може да биде почеток за Интер

Најчитани вести

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се одигра на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано каде по голема борба Интер ја победи Барселона со 1:0 во натпреварот од третото коло од групата Ц.

Натпреварот изобилуваше со многу контроверзни ситуации, ВАР неколку пати беше во преден план, два гола беа поништени, но најважно за навивачите на „нероазурите“ беше што нивните миленици остварија голема победа по серијата лоши резултати во Серија А.

Интер славеше против Барселона со голот на Чалханоглу во финишот на првото полувреме.

„Не би рекол дека оваа победа е неочекувана. Во најавата за натпреварот кажав и дека ова е одлична можност да се вратам на вистинскиот пат против еден од најдобрите тимови во светот“, изјави Симоне Инзаги по победата и продолжи:

„Одигравме агресивно, одлучно, бидејќи само така може да се победи ваков противник. Долго чекавме вакво нешто, среќен сум за навивачите и клубот, но се уште ништо не сме постигнале. Ова мора да биде пресвртница, за оваа прекрасна ноќ да означи почеток на нешто позитивно“.

Интер беше во резултатска криза, особено по поразот од 1:2 од Рома минатиот викенд во Милано тешко им падна на сите во клубот.

„Бев многу, многу разочаран од резултатот против Рома, но не и од играта. Ваквите вечери ќе ни помогнат да ја вратиме позитивната енергија и да се опоравиме и во Серија А. Ова може да биде нов почеток за Интер, но сега мора да продолжиме вака и да покажеме доследност во резултатите и играта“, истакна Инзаги.

Прво, Интер во сабота ќе гостува кај Сасуоло во Серија А, а потоа во среда ќе има нов меч со Барселона, но на стадионот „Камп Ноу“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести