9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Инзаги: Осумте победи на Лацио во низа не се случајни

Најчитани вести

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ја коментираше победата над Каљари (2:1) на натпреварот од 16. коло од италијанскиот шампионат. Римскиот тим постигна два гола во судиското надополнување за осма победа по ред во италијанскиот шампионат.

-Не ни беше лесно да реагираме по примениот гол. Чувствувам дека моите играчи заслужено победија на крајот. Замените беа пресудни. Морам да ја симнам капата пред Каљари. Тие се многу организирани, имаат темпо, многу е тешко да се победи во оваа страствена атмосфера. Среќен сум што имам играчи кои тренираат многу напорно. Не е случајно што се наоѓаме во серија од осум победи. Со право гледаме кон врвот на табелата во Серија А, изјави Инзаги.

По 16.коло Лацио е е трет на табелата со 36 бода, три помалку од водечкиот тандем Интер и Јувентус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com