Home » Инзаги: Интер може да го освои Скудетото, сум освоил на таков начин со Лацио

Инзаги: Интер може да го освои Скудетото, сум освоил на таков начин со Лацио

by Журнал.мк

Симоне Инзаги се потсети на неговиот трофеј како фудбалер кога со Лацио во 2000 година во последното коло го помина Јувентус кој загуби од Перуџа и остана со празни раце.

Интер има само една опција во последното коло за да го освои Скудетото, тие мора да ја победат Сампдорија, а Милан да загуби на гостувањето кај Сасуоло.

Симоне Инзаги верува дека тоа може да се случи бидејќи како фудбалер на таков начин го освои Скудетото со Лацио во 2000 година.

„Сасуоло е многу добар тим, имаат многу индивидуални таленти“, вели Инзаги.

„Ние сме позади Милан, па потребна ни е победа и тие да загубат. Тоа се случило претходно, јас освоив со Лацио кога конкурентот беше два бода пред нас, Јувентус тогаш загуби од Перуџа, па може повторно да се случи“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More