21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Индија ја одобри употребата на „Спутник В“

Најчитани вести

Индија ја одобри руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19, соопшти големата локална фармацевтска компанија „Д-р Реди лаборатории“ во оваа земја со 1,3 милијарди жители, која неколку дена наназад има најголем број новозаразени со коронавирус во светот.

-Имаме среќа што го добивме одобрението за употреба на „Спутник В“ во Индија, изјави Г. В. Прасад, извршниот директор на фармацевтската компанија, во изјава пренесена од француските медиуми.

Индија вчера потврди за нови 161.736 инфекции со коронавирус, што е повторно највисок дневен рекорд во светот.

Во оваа огромна земја досега со потврдени 13,69 милиони заразени, наведува Министерството за здравство.

Бројот на умрени од Ковид-19 за 24 часа е зголемен за 879 и сега тој во земјата изнесува вкупно 171.058, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на Универзитетската болница Џон Хопкинс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести