17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Индија се отвора за туристи по 20 месеци забрана

Најчитани вести

Индија од денеска е отворена за странски туристи од земји со реципрочни договори по 20-месечна забрана поради пандемијата со Ковид-19.

Туроператорите наведуваат, сепак, дека побарувачката е исклучително слаба поради високите цени на билетите и преостанатите ограничувања за патниците од Британија, Кина и од други места.

Државата забрани посети за сите странски туристи во март 2020 година, бидејќи пандемијата се интензивираше. Но, по катастрофалниот скок на случаите Ковид-19 претходно оваа година, бројот на познати инфекции нагло опадна и владата, под притисок на индустријата што е важен столб на економијата, минатиот месец објави олабавување.

Туристички визи беа издадени за целосно вакцинирани странци од земји со реципрочни аранжмани кои пристигнуваат со чартер летови од 15 октомври. Ова беше проширено и за други летови од денеска.

Посетителите од одобрените земји можат да добијат туристичка виза преку интернет и треба само да го следат своето здравје 14 дена по пристигнувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com