21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Индиски техники против стрес, но и за добро здравје

Најчитани вести

Ги нарекуваат се мудрости.

Стресот е дел од нашето секојдневие. Има денови во кои тешко успеваме да го повратиме балансот. Понекогаш е потребна повеќе концентрација и повеќе воздух и расположение. Во овие моменти си помагаме со чаша кафе, парче чоколадо или не успеваме да ја повратиме внатрешниот мир.

Но постојат неколку техники кои се нарекуваат мудри. Тоа е јога, која се врши само со прстите, но оваа древна техника навистина работи во наша полза. Како што знаете дланките и прстите имаат различни важни точки кои ако се стимулираат на одреден начин може да се подобри нашата енергија, расположение итн.

Вежбите може да го извршите во текот на медитација – наутро или навечер или кога сте под напон. Дури и да не сте медитирале досега само се релаксирате и следете ја соодветната техника од која имате потреба. Со текот на времето ќе ви биде полесно.

Кога сакате да ги подобрите вашите мисли, мозочната функција, концентрацијата следете оваа мудра техника – мудра на знаењето.

Доволно е околу 10-15 минути на ден да ја применувате за да бидете во баланс. Со нејзина помош ќе го намалите и несоницата.

Следната мудрост е мудроста на ветрот. Таа се препорачува на оние луѓе кои страдаат од болести на дишните патишта и дигестивниот систем, помага при депресија. Неа исто така може да извршувате во секое време од денот. Многу е важно кога ги правите вежбите да нема тензии во рацете, без непотребен притисок.

Мудроста на Земјата се препорачува за оние денови во кои сте доживеале силен стрес, чувствувате големо физичко оптоварување, замор. Со нејзина помош ќе го подигнете вашето трпение, ќе ги повратите своите сили, ќе ја подобрите дури состојбата на кожата.

Мудроста на огнот, кога се применува систематски и, може да помогне за подобрување на метаболизмот, намалување на телесната тежина, подобрување на тонусот, подобрување на варењето, намалување на високиот крвен притисок и се разбира контрола на стресот.

За да го подобрите Вашиот слух, исполнувајте ја мудроста на небото. Со нејзина помош ќе ги смирите нервите, ќе влијаете поволно при заболувања на увото.

Мудроста на водата – Оваа вежбаа се препорачува за прочистување, повеќе енергија за одржување на рамнотежата во организмот, зајакнување на имунолошкиот систем.

Мудроста на животот ќе ви помогне да го балансирате видот и брзо да се елиминира заморот и исцрпеноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести