6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Индискиот премиер се вакцинираше против Ковид-19

Најчитани вести

Премиерот на Индија Наренда Моди денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирус произведена во земјата и ја истакна важноста на кампањата за вакцинација што почна во средината на јануари.

Луѓето постари од 60 години и луѓето над 45 години кои имаат одредени хронични здравствени проблеми сега можат да ја добијат првата доза во Индија, откако здравствените работници први беа вакцинирани.

Индија, која е втора по заразени со коронавирусот во светот, после САД, досега вакцинираше повеќе од 12 милиони медицински работници.

– Воодушевувачки е колку брзо нашите лекари и научници работеа на глобалната борба против ковид. Апелирам до сите што ги исполнуваат здравствените услови да се вакцинираат. Ајде заедно да ја направиме Индија слободна земја, напиша Моди на Твитер, објавувајќи фотографија како прима вакцина.

Индиската Влада минатата недела соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да избираат меѓу домашно произведени вакцини од компанијата Коваксин и британско-шведската АстраЗенека.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести