Home » „Индекси и пријателите“ го кренаа Скопје на нозе – безвременските хитови не погодија во срце (галерија)

„Индекси и пријателите“ го кренаа Скопје на нозе – безвременските хитови не погодија во срце (галерија)

by Журнал.мк

Љубовните балади, рок нумерите и безвременските хитови на култниот сараевски бенд Индекси, синоќа го кренаа Скопје на нозе во преполнетата сала на Филхармонија.

Фото: Б. Грданоски

Убав свет од сите генерации дојде на концертот на кој се славеше 60-годишнината од постоењето на бендот на чии песни растевме , се вљубувавме, пиевме, се радувавме и тагувавме. Многу членови од бендот веќе не се меѓу нас, меѓу нив и легендарниот пејач Даворин Поповиќ кој не напушти во 2001 година, но проектот насловен „Индекси и пријателите“ ( кој постои 12 години, и во меѓувреме стана бренд) ги собра од различни краеви живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бијело Дугме кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристот Мурис Варајиќ. 

Фото: Б. Грданоски

Петтата и последна станица од регионалната турнеја, по Љубљана, Загреб, Сараево и Белград, беше синоќа во Скопје, каде, како што кажа домаќинот и изведувач на концертот Дејан Кукиќ, се собраа пејач(к)и од 25 до 75 години, од Удине до Струмица, алудирајќи и на гостувањето на фантастичниот гитарист од помладата генерација, синот на Горан и Ленче Кукиќ, Иван Кукиќ кој настапува со „Влатко Стефановски трио“. 

Фото: Б. Грданоски

Изведувачите беа изненадени од топлиот прием на скопската публика, а пак Скопје, со срце и со душа синоќа уживаше во песните и во пејачите, сите со извонредни вокални способности:  Дадо Топиќ, Нено Белан, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменова, Амел Чуриќ, Дејан Цукиќ, Сара Воиќиќ.. и придружните вокали Жељка Катавиќ-Пиљ и Ален Мустафиќ.

Фото: Б. Грданоски

Крајот концертот  го краси, кога публиката на нозе и пред сцената заедно со Дадо Топиќ го изведоа неговиот хит „Македонија“. 

Фото: Б. Грданоски

Индекси, како најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група и една од најдобрите екс-ју бендови која жареше и палеше од 1962 до 2001 година , ни ги подари за сите времиња хитовите : Предај се срце, Бацила је све низ ријеку, Ти си ми била нај нај, Испили смо златни, пехар, Све ове године, Волело се двоје младих, Стани мало злато моје…

Фото: Б. Грданоски

Организатор на концертот беше „Мјузик тајм“, а продуцент е Томислав Кашљевиќ.

Л. Сабит

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More