17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Им подлегна на повредите: Почина легендата на колумбискиот фудбал Ринкон

Најчитани вести

Легендата на колумбискиот и јужноамериканскиот фудбал, Фреди Ринкон почина во 55. година од неговиот живот.

Некогашниот член на Парма, Наполи и Реал Мадрид пред неколку денови имаше страшна сообраќајна несреќа во Кали и веднаш беше пренесен во болница каде беше констатирано дека ќе биде вистинско чудо ако се спаси.

Лекарите неколку денови се бореа за неговиот живот, но и покрај сите напори Ринкон замина во вечноста. Фреди ќе остане запаметен по тоа што трипати со неговата Колумбија играше на Светските првенства (1990, 1994 и 1998) и заедно со Карлос Валдерама го држат рекордот по бројот на настапи на мундијалите за нивната земја или поточно десет натпревари.

Фреди освен во Колумбија и Европа играше и во Бразил за Коринтијанс, Сантош и Крузеиро.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com