Куманово, 24 декември- СВР Куманово поднесе кривична пријава против 25-годишниот M.A. и 26-годишниот A.M., двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека на 18.12.2019 во помошна просторија во село Ваксинце, општина Липково, физички нападнале група мигранти и им барале надоместок за превоз, ноќевање, како и поминување на границата со Република Србија за сума од 600 евра по лице.
По пристигнување на полициски службеници, мигрантите биле преместени во Транзитен центар во селоТабановце.