8 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Има 98 години и сè уште лечи пациенти, а не му се потребни ни очила

Најчитани вести

Кога францускиот лекар Кристијан Шенај го примил првиот пациент во 1951-ва година, пеницилинот бил најмодерен лек. Сега има 98 години и сè уште два пати неделно во својата ординација прима пациенти, меѓу кои има некои кои ги лечи веќе со децении.

Бидејќи нема здравствени проблеми, дури не носи ни очила за време на прегледите, Шенај не гледа ништо привлечно во пензионирањето.

“Ако имате повеќе од 60 години, веќе ве вбројуваат во старци. Еден ден ви даваат карти, друг томбола, трет судоку… и за миг станувате тотален идиот. Подобро ми е како лекар”, вели Французинот кој во текот на еден работен ден прима и по 20 пациенти.

Пред да почне да се занимава со семејна медицина, Шенај специјализирал радиологија, а пред студиите работел како заварувач.

Неговата амбуланта технолошки не изгледа како од 21-ви век, има факс, но не и компјутер. Нагласува дека е новост во неговата седумдецениска долга пракса појавата на пациенти кои сами си одредуваат дијагноза и потоа доаѓаат по лекови.

Француските лекари во пензија просечно одат на 67 години. И синот на Шенај, кој исто така е лекар, веќе се откажал од работата и се пензионирал, но Кристијан тоа не го планира.

“Ако цел ден седите и гледате телевизија, брзо оглупавувате и главата не ви трае долго”, порачува стариот лекар.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести