Home » „Има таков народ” ќе се обиде да состави своја влада во Бугарија

„Има таков народ” ќе се обиде да состави своја влада во Бугарија

by Журнал.мк

Пратеничката од партијата „Има таков народ“ и претседателка на двете претходни бугарски народни собранија, Ива Митева, во интервју за Нова ТВ изјави дека на земјата не ѝ се потребни предвремени избори, и дека тие дури и се опасни во моментов.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Митева смета дека ИТН треба да се обиде да формира нова влада. Таа појасни дека „Има таков народ“ нема да ја поддржи владата на „Промените продолжуваат“.

Доколку бугарскиот претседател им го додели третиот мандат, ќе се обидат да го реализираат.

– „Има таков народ“ ќе се обидат да направат влада на широка согласност – рече Митева.

Таа кажа дека „Има таков народ“ нема да го поддржи вториот мандат на ГЕРБ. Ако нејзината партија сакаше овој премиер да остане, немаше да ги повлечат министрите од него. Нејзината партија има проблем во самата влада – со актуелниот премиер и вицепремиер. Според неа, ИТН најверојатно нема да ги поддржи министрите што ќе ги предложи премиерот на Бугарија Кирил Петков на местото на повлечените од Слави Трифонов.

Доколку не бидат избрани, смета Митева, Кирил Петков мора или да побара доверба, или да му се побара недоверба на Народното собрание или како трета опција да си поднесе оставка. Таа сугерираше дека Петков може да најде поддршка од една од опозициските партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ или Препород.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More