36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

„Има таков народ“ ја одби коалицијата со ГЕРБ на Борисов

Најчитани вести

Второпласиранта партија на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија, „Има таков народ“ на Слави Трифонов објави дека не прифаќа преговори за формирање на влада со победничката ГЕРБ на премиерот во оставка Бојко Борисов. Победничката партија и донеодамна владеачка ГЕРБ го доби мандатот да предложи владин кабинет, но засега тоа не и оди во пронаоѓање партнери за коалицирање, па се поизвесно е дека ќе го вратат мандатот.

-Изјавуваме дека дури и пред конституирањето на овој парламент „Има таков народ“ “јасно изјави дека нема да учествува во преговори со партиите од статус-квото – пишува во одговорот на второпласирана партија на изборите.

„Демократска Бугарија“, уште еден кандидат за коалицирање со ГЕРБ веќе категорично изјави дека владеачката партија со најголемата парламентарна група не може да се потпре на нивните гласови.

ГЕРБ упати покана за преговори со „Има таков народ“ за номинирање влада. Им беше понудено да се состанат точно попладне во салата „Запад“ на Националното собрание.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести