21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Има сигнали за преговори со Владата, СОНК денеска доби европска синдикална поддршка

Најчитани вести

Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска изјави дека попладне треба да продолжат преговорите со Владата, но и дека до овој момент нема договор за исполнување на синдикалните барања со чие исполнување би бил прекинат штрајкот во образованието и институциите за згрижување на деца. Тој рече дека „има сигнали“ за продолжување на преговорите. На прес-конференцијата поддршка на СОНК му изрази Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование – ETUCE.

Синдикалниот лидер ја повика Владата да собере сила и политичка волја за усогласување на платите со веќе покачената минимална плата и потсети дека барањата се за покачување од 18,4 проценти на платите и усогласување со колективните договори.

„Можам да изразам само надеж дека до вечер ќе имаме добри резултати, доколку членството позитивно“, рече Неделков и порача дека е мошне извесно дека штрајкот ќе продолжи и утре.

На прес-конференцијата на СОНК присуствуваше Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование – ETUCE, која изрази поддршка на СОНК и „придружување“ во однос на преговорите со министерот за образование.

Флокен изрази солидарност со синдикалните барања, рече дека јасно ја изразува поддршката и нагласи дека се потребни поголеми вложувања во образованието во Македонија, како и во наставниот кадар.

Флокен оцени дека станува збор за круцијална професија и нагласи дека е важно за децата да се продолжи квалитетно образовниот процес кој беше доведен до силни предизвици во времето на пандемијата. На новинарско прашање во однос на правата на децата пред правото на штрајк, таа рече констатира дека за време штрајкот не работат училиштата, но и дека тоа прашање различно се третира во различни земји во зависност од законските решенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com