10 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Има само 6 години, а веќе два пати го освоила Килиманџаро

Најчитани вести

Шестгодишното девојче Ешлин од Велика Британија, станала најмладото женско лице кое дошло до врвот на планината Килиманџаро во Африка.

Подвигот на малата, но силна Ешлин Мендрик, ги воодушевил и искусните планинари. Девојчето одбило било каква помош при искачувањето до висина од 5.895 метри. Инаку, до врвот Ухуру, доаѓаат само две третини од лицата кои тргаат кон него.

Толку уживала во качувањето што две недели подоцна, Ешлин повторно се искачила на врвот по друг пат. Таа се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест.

Ешлин е од Западен Сасекс и на експедицијата била со својата мајка Викторија и 11-годишниот брат Николас. До врвот пристигнала на 29-ти септември, а истото го повторила и на 13-ти октомври.

Првото искачување траело шест дена, а второто пет.

“Ешлин го собори рекордот кој го држеше Монтана Кини од САД, а која минатата година, до врвот се искачила со седум години и десет месеци. Горда сум на своето дете, беше неверојатно искуство”, рекла Викторија, мајка на Ешли.

Најмладата личност која се искачила на Килиманџаро е Колтон Танер од Ново Мексико, кој во 2018-та година го освоил врвот со шест години и еден месец, а бил помлад само неколку месеци од Ешлин.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести