-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Илјадници шпанци славеа откако освоија дел од најбогатата лотарија на светот

Најчитани вести

Илјадници луѓе вчера славеа во Шпанија откако освоија дел од најбогатата лотарија на светот, со награден фонд од 2,38 милијарди евра.

Извлекувањето за „Ел Гордо“ се одржа во Кралскиот театар во Мадрид и структурата на џекпотот е осмислена така да овозможи што е можно повеќе играчи да освојат нешто, макар и бесплатен тикет. Највисоката можна добивка изнесува четири милиони евра, но највообичаен тикет е оној од 20 евра и во тој случај, главната награда е 400.000 евра.

Извлекувањето за „Ел Гордо“ се одржа во Кралскиот театар во Мадрид (Фото: Ројтерс)

Бидејќи правилата на извлекувањето се сложени, а играчите можат да купат повеќе тикети со исти бројки, речиси е невозможмо да се каже колку луѓе имаат освоено нешто.

Секоја година, милиони луѓе во Шпанија се здружуваат со пријатели и семејството за да си ги зголемат шансите за добивка. Бројките се извлекуваат од големи златни сфери и настанот се пренесува на телевизија. Шпанската божиќна лотарија има традиција подолга од 200 години.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести