Во главниот град Лисабон, демонстрантите маршираа кон зградата на Парламентот, извикувајќи „Трошоците за живот растат и луѓето не можат да врзат крај со крај“, „Не можеме да прифатиме да бидеме сиромашни кои работат“ и „За земјата да оди напред, платите мора да се зголемат“.
Генералната конфедерација на португалските работници го организираше протестот, прогласувајќи го вчерашниот ден за „национален ден на огорченоста“. Демонстрациите беа придружени со штрајкови на здравствените работници и вработените во јавниот транспорт.
Генералниот секретар на синдикатот Изабел Камариња изјави дека протестите биле успешни. Во својот синоќешен говор пред парламентот, таа истакна дека Португалците страдаат од „тешка загуба на куповната моќ“ што ги погодува сите области на економијата.