8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Илјадници граѓани на ЕУ би можеле да го изгубат правото на престој во Велика Британија

Најчитани вести

Марлис Хазелтон ја нарекуваше Велика Британија свој дом повеќе од 30 години. Холанѓанката, мажена за Британец со деца израснати во Велика Британија, се смета себеси за „составен дел“ на Обединетото Кралство. До разводот на Велика Британија со Европската унија, таа никогаш не размислувала за статусот на имигрант во Велика Британија.

Педесет и петгодишната Хазелтон е меѓу милиони Европејци кои со децении живееле, работеле и студирале слободно во Велика Британија, но овие права повеќе не им се автоматски гарантирани поради Брегзит. Британската влада воведе план за „легализирање“ на големата европска заедница имигранти во земјата во 2019 година, а во петокот беше крајниот рок за аплицирање за престој. Од саботата европските имигранти кои не аплицирале, ќе го загубат законското право на работа, изнајмување станови и пристап до одредени здравствени или социјални бенефиции во Велика Британија. Може дури и да бидат депортирани.

Во меѓувреме, исто така, заврши слободата на движење, во која повеќе од еден милион Британци уживаа во земјите на ЕУ. Оние кои аплицираат за дозволи за престој по Брегзит во Франција, исто така имаа рок до петокот.

Активистите во Велика Британија стравуваат дека десетици, па дури и стотици илјади Европејци можеби не го стасале рокот за пријавување. Многу постари луѓе, кои со децении живееле во Велика Британија, не знаат дека мораат да аплицираат за престој, а официјалните податоци покажуваат дека само 2 проценти од апликантите се на возраст од 65 години или постари. Многу родители исто така не се свесни дека мораат да аплицираат за своите деца, велат организациите што ги бранат правата на имигрантите.
Други ранливи групи, како што се скоро 2.000 деца во социјални домови, исто така ризикуваат да бидат запоставени и да не добијат статус на легален престој.

За Хазелтон и многу други, ова е момент на јасно осознавање на последиците од британскиот референдум за напуштање на ЕУ пред пет години. Иако Хазелтон успешно доби статус за постојан престој, што значи дека може да престојува постојано во Велика Британија, таа рече дека целиот процес ја натерал да се чувствува несигурно во врска со животот што го изградила во Велика Британија.

– Не се чувствувам преселено тука, рече таа, додавајќи: Загрижена сум за иднината. Едноставно не се чувствувам безбедна за мојата старост како странец. Чувството дека ова е мојот дом што го имав повеќе го нема “.

Британската влада соопшти дека околу 5,6 милиони луѓе, претежно од Полска и Романија, поднеле барање за статус за престој, што е многу повеќе од првичните проценки. Иако околу половина добија статус за постојан престој, на околу 2 милиони имигранти кои не живееле во Велика Британија доволно долго им беше кажано дека треба да се пријават повторно, кога ќе навршат пет години престој. Околу 400.000 луѓе сè уште чекаат на одлука за нивните молби, рече Лара Парисото, активистка на The3million, организација основана по референдумот за Брегзит за лобирање за правата на граѓаните на ЕУ во Велика Британија. – Овие се луѓето со кои имаме многу контакти, рече таа, додавајќи: Сакате да бидете сигурни и да имате стабилност, сакате да продолжите да правите планови за својата иднина. Можете да замислите колку е тешко да немате таква безбедност во вашиот живот, токму сега, кога работите ќе се сменат толку многу.

Дарија Рјабчикова, Русинка која се аплицирала во февруари како партнер на белгиски државјанин кој живее во Велика Британија, рече дека е „неверојатно разочарувачко“ да се чека четири месеци за да бидат обработени нејзините документи. Таа стравува дека одложувањето ќе влијае на нејзината нова работа, која тукушто претстои. – Се чувствувам како граѓанин од трета класа, иако работам тука, плаќам данок со мојот партнер, живеам тука и придонесов во борбата против пандемијата минатата година, рече Рјабчикова. „Сега тие не можат дури ни да го процесираат моето едноставно барање на време“, додаде таа.

Досега нема податоци што покажуваат точно колку луѓе го пропуштиле рокот. Но, дури и мал процент на Европејци во Велика Британија би биле десетици илјади, рече Парисото. Во последниве недели, 25-годишна жена со бразилско-италијанско потекло патуваше со други волонтери низ Англија за да ги повика заедниците на европски граѓани кои работат во рурални фарми и магацини да аплицираат пред да биде предоцна.

Една од главните грижи е дека имиграциската политика може да остави катастрофално наследство, слично на скандалот Windrush во Велика Британија, кога многу луѓе од Карибите кои легално се населија во Велика Британија пред неколку децении погрешно засегнати од новите правила за борба против илегалната имиграција. Голем дел од „генерацијата Виндриш“, именувана по бродот што ги донел првите повоени имигранти од Западна Индија, ги загубија своите домови и работни места или дури беа депортирани едноставно затоа што не можеа да обезбедат доказ за нивното право на престој.

Многу Европејци, особено млади, чии родители не успеале да аплицираат, „може и веднаш да не сфатат дека го изгубиле својот статус“, рече Медлин Сампсон, директорка на Ппсерваторијата за миграција при Универзитетот Оксфорд. – Некои,ќе сфатат подоцна – на пример, кога ќе добијат нова работа или ќе треба да се лекуваат во болница“, рече таа, додавајќи: „Може да поминат многу години пред да почнат да се пријавуваат правните, политичките, економските и социјалните последици “

Британската влада соопшти дека ќе ги почитува причините за доцнење со апликацијата за луѓето кои имаат „разумни изговори“, но тоа не ја олеснува загриженоста на активистите. Многумина, вклучително и оние кои имаат обезбедено статус на постојан престој, веќе не се чувствуваат сигурни за својата иднина во Велика Британија.

Елена Ремиџи, преведувачка од Милано, која ја основаше организацијата „In Limbo“, проект за собирање ставови на граѓаните на ЕУ во Велика Британија по референдумот за Брегзит, рече дека многу Европејци велат дека се уште се чувствуваат предадени од тоа како нивниот втор дом се однесува кон нив.

– Навистина е тажно што луѓето што живееја тука порано, сега се чувствуваат непожелни и мора да заминат, рече таа и додаде: На некои им е навистина тешко да го простат тоа.

Хазелтон, холандска имигрантка, рече дека нејзиниот сопруг од Велика Британија размислува да го пресели семејството во Холандија како директна последица од Брегзит. Таа се двоуми.

– Сè уште ја сакам оваа земја и ако треба да се преселам, ќе бидам многу тажна, рече таа. – Во исто време, не сум сигурна дека сакам да останам. Кога станува збор за чувство на припадност, тоа не е нешто што може да го решите со парче хартија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести