Home » Илон Маск откри дека постел и изгубил 10 килограми откако беше фотографиран во костим за капење

Илон Маск откри дека постел и изгубил 10 килограми откако беше фотографиран во костим за капење

by Журнал.мк

Извршниот директор на Tesla и Space X беше фотографиран во јули како се забавува со пријателите на јахта закотвена на брегот на Миконос, Грција.

Маск беше фотографиран без кошула додека се сончал на луксузна јахта, а фотографиите предизвикаа коментари во кои го нарекуваат „дебел“ и „блед“.

Поради екстремно белиот тен, Илон го споредуваат со Каспер, крекери, Снешко, па дури и варено пилешко.

Додека обожавателите застанаа на страната на милијардерот, изгледа дека основачот на Space X критиките ги сфатил сериозно.

Маск во неделата на следбениците на Твитер им откри дека „повремено постел“ според совет од „добар пријател“, за да се чувствува поздраво и како резултат на тоа изгубил речиси 10 килограми.

Тој се надоврза на својот прв твит, велејќи дека користи Zero, здравствена апликација која им помага на луѓето да го следат наизменичното постење и откри дека е „прилично добро“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk