Home » Илон Маск е „уловен“ со 23 години помлада девојка

Илон Маск е „уловен“ со 23 години помлада девојка

by Журнал.мк

Двојката била видена како вечера во хотелот Шевал Блан, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск (50) и Басет (27) се видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и сталожено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Парот потоа, рака под рака, излегле од скапиот ресторан.

Фотографиите ги објави Дејли Мејл, а ова не е првпат Маск да биде виден во друштво на актерката.

Тие првпат биле забележани заедно во февруари, додека се симнувале од неговиот приватен авион во Лос Анџелес, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка.

Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да посетува драмско училиште. Таа добила неколку улоги во телевизиски серии како Hail! Caesar , а го отелотворила ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот Britney Ever After.

Со глума се занимава од 14-годишна возраст, кога ја добила главната улога во претставата Ромео и Јулија. Актерката ќе може да ја гледаме и во претстојниот биографски филм за Елвис Присли.

„Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и иако сега не ѝ пречи да биде позната по нивната врска, тој ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илон Маск“, велат пријателите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk