Home » Илон Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари

Илон Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари

by Журнал.мк

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, го заврши преземањето на Twitter за 44 милијарди долари, објавија американските медиуми и инвеститори.

Неколку врвни директори, вклучувајќи го и шефот Параг Агравал, наводно се отпуштени.

Тоа стави крај на сагата во која Twitter отиде и на суд за да го натера милијардерот да се држи до условите од договорот за преземање од кој се обиде да избега.

Маск најави дека негов интерес во компанијата не е да заработува пари. Twitter сè уште не го потврди преземањето, но инвеститор во фирмата изјави за BBC дека договорот е завршен.

„Мислам дека судот претера“, рече Рос Гербер, извршен директор на Gerber Kawasaki Investments.

Главниот извршен директор на фирмата, Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и извршниот директор за правни прашања и политика, Виџаја Гејд, повеќе не се во компанијата, според извештаите на американските медиуми.

По склучувањето на договорот Агравал и Сегал биле испратени надвор од седиштето на Twitter во Сан Франциско, објави новинската агенција Reuters.

Коосновачот на Twitter, Биз Стоун, им се заблагодари на Агравал, Сегал и Гејд за нивните „колективни придонеси“ во бизнисот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More