Home » Илинден се чествува и во „Прохор Пчински“

Илинден се чествува и во „Прохор Пчински“

by Журнал.мк

Најголемиот празник Илинден и годинава се одбележа на местото каде што се удрени темелите на македонската државност и е одржано првото заседание на АСНОМ на 2-ри август 1944 година. Македонската делегација во манастирот „Прохор Пчински“ во соседна Србија, ја предводеше шефот на државата Пендаровски, заедно со министри од Владата. Нив ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. По обиколката на манастирот двајцата претседатели одржаа билатерална средба. Посочија дека државите немаат отворени прашања, туку исклучително добри односи кои и во иднина ќе се развиваат. Особено ќе се работи на подобрување на инфраструктурата, спојување на железниците.

„Благодарност до претседателот Вучиќ кој од минатата година со лично залагање овозможи Македонија повторно да го слави својот државен празник таму каде што е формирана современата македонска држава, во овој манастир кој се наоѓа сега на српска територија. Се надевам дека ова ќе биде добра традиција која нема да се прекинува од политички, црковни или какви било други причини“, истакна Стево Пендаровски, претседател на РСМ.

„За доброто на двата наши народи ние веќе немаме никакви отворени прашањаВеќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме Северна Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не“, рече Вучиќ.

Од лани на иницијатива на претседателот Пендаровски, а по добиениот благослов од српскиот патријарх и одобрението од претседателот на Србија Вучиќ, се врати чествувањето на празникот во „Прохор Пчински“. Граѓаните ја поздравуваат иницијативата, но и укажуваат на блискоста којашто ја имаат народите.

Во овој манастир претходно дури 18 години не се одбележуваше Илинден.

Чествувањето на големиот празник е потврдат дека генерациите продолжуваат да ги негуваат идеалите на непокор, илинденците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More