Home » Илиеска: Имаме двоцифрена инфлација, банкнота од 500 денари има вредност како 100 денари

Илиеска: Имаме двоцифрена инфлација, банкнота од 500 денари има вредност како 100 денари

by Журнал.мк

Просечната плата се зголеми, но на еден вештачки начин. А зголемувањето на вештачки начин поттикна еден степен на повисока инфлација и тоа е нотирано во Извештајот на Светска банка, вели Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ во телефонско вклучување во емисијата Стадион на Канал 77.

Илиеска додаде дека Македонија се соочува со двоцифрена инфлација, укажувајќи дека власта залудно се фали со покачување на минималната плата бидејќи сите производи се со покачена цена, па така банкнотата од 500 денари сега има вредност колку банкнота од 100 денари.

Овие два месеца имаме двоцифрена инфлација од 18 проценти, а платите остануваат исти. И сега ако лани сте земале 30.000 денари, оваа година земјаќи ги тие 30.000 денари вредноста му е 25.000 денари. Што значи некаде од 100 евра е помала вредноста и како што кажа и Битиќи, сите ние одиме во продавница и сите ние знаеме дека  банкнотата од 500 денари има важност како банкнота од 100 денари. Секој еден производ е со повисока цена, смета таа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk