Македонскиот репрезентативец, Дејан Илиев одново некое време ќе мора да биде надвор од терените и тоа поради проблеми со коленото.
Членот на Тренчин направи артроскопија на коленото и ќе мора да внимава во наредниот период, односно ќе мора да почека за зелено светло за да им се врати на обврските. Тој веќе се огласи на социјалните мрежи каде му се заблагодари на докторот Улрих Бениш и неговиот тим, а воедно најави дека ќе се врати уште посилен на зелениот тепих.
Илиев неодамна дебитираше во дресот на македонската репрезентација и тоа против Гибралтар во Лигата на нации.
Струмичнецот во досегашната кариера настапуваше за Арсенал како и за уште неколку тимови од Англија, Полска и Словачка.