2 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Икарди: Чест е да се игра за ПСЖ, ќе направам се за да останам!

Најчитани вести

Мауро Икарди ова лето пристигна во ПСЖ на позајмица од редовите на Интер до крајот на сезоната, но тој би сакал да остане во Париз на перманентна основа.

Напаѓачот изјави дека е спремен на се за да го убеди раководството на ПСЖ да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

„Ќе сторам се за да останам во ПСЖ. Морам да се тестирам на теренот. Имавме добар октомври, но сепак треба да се стори многу. Треба да продолжам да покажувам што можам во наредните месеци. На крајот на сезоната ќе дознаеме дали ќе останам. Сакам да се докажам добро, затоа дојдов тука. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот, играњето за овој клуб е голема чест“, изјави Икарди.

Аргентинец одлично се вклопи во ПСЖ и оваа сезона одигра осум натпревари на кои постигна седум гола со една асистенција.

ПСЖ има опција на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести