22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Икарди сепак заминува од Интер, ПСЖ ќе биде неговиот нов клуб

Најчитани вести

Во последниот ден од преодниот рок Мауро Икарди од Интер ќе направи трансфер во ПСЖ, позајмица со опција за целосен откуп.

Мауро Икарди се согласил да се пресели во ПСЖ, според италијанските медиуми оваа сезона тој ќе игра таму како позајмен играч, а потоа ќе може и комплетно да биде откупен за околу 70-75 милиони евра.

Некои велат дека најпрво ќе го продолжи договорот со Интер од 2021 на 2022 по што во 15 часот ќе летне кон Париз каде што ќе треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот.

Ќе го продолжи договорот со Интер со цел италијанскиот клуб да се осигура да не го загуби како слободен играч во 2021 година.

Доколку Икарди се покаже како добро засилување за ПСЖ, францускиот клуб во некој од наредните преодни рокови полесно ќе се откаже од услугите на Нејмар кој остана во Париз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести