12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Икарди го закачи Интер: Време беше да одам во победнички тим

Најчитани вести

Аргентинецот Мауро Икарди и понатаму не може да се помири со начинот на кој се раздели со Интер. Од капитен на „нероаѕурите“ за брзо време стана непосакувана личност на „Џузепе Меаца“, а на крајот како позајмен играч дојде во редовите на Пари Сен Жермен. И сега го закачи Интер.

„Не победувавме многу, не се боревме за титулата, но јас постигнував многу голови. И мислам дека дојде време да одам во победнички тим. Сакав да бидам дел од голем клуб во кој играат врвни фудбалери и желбата ми се оствари“, изјави Мауро Икарди за француските медиуми.

Икарди не беше во тимот на „светците“ на синоќешното дерби против Лион во францускиот шампионат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com