Home » Изречени 227 санкции за брзо возење

Изречени 227 санкции за брзо возење

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 126 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More