Home » Изречени 157 санкции за брзо возење

Изречени 157 санкции за брзо возење

by Журнал.мк

Во вчерашната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената санкционирани се 157 возачи, информираат од МВР.

– Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 71 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 86 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More