31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Израел ќе ги испрати неискористените дози на вакцини во неколку земји

Најчитани вести

Израел објави дека ќе испрати „ограничени количини на неискористените дози“ на вакцината за Ковид-19 до Палестинците и некои земји како Хондурас, којa планира да отвори амбасада во Ерусалим.

Израел, кој го држи светскиот рекорд по бројот на вакцинирани граѓани, веќе вбризгал две дози на Фајзер/Бионтек на 3 милиони луѓе, што е скоро третина од населението.

На 19 декември, Израел започна голема и брза кампања за вакцинација по договорот со „Физеорм“ што му овозможува на Израел да испорача милиони дози во замена за биомедицински податоци за влијанието на вакцината.

„Израел доби бројни барања за помош од земјите кои бараат вакцина“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека земјата не била во можност да обезбеди „значајна“ помош пред крајот на кампањата за вакцинација.

Сепак, со ограничена количина на неискористена вакцина, Израел одлучил да му помогне на медицинскиот персонал на палестинските власти и на уште неколку земји, испраќајки им симболична количина вакцина, се додава во соопштението.

Израел веќе испрати илјадници дози вакцина на окупираниот Западен брег за палестинскиот медицински персонал во последните неколку недели. Според Обединетите нации и невладините организации, Израел е должен „како окупаторска сила“ да обезбеди вакцина за 2,8 милиони Палестинци на окупираниот Западен брег и за два милиони жители на Појасот Газа, кој е под израелска блокада.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести