14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Најчитани вести

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќе започне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од 60 години, кои претходно биле вакцинирани.

Ова го прави Израел, кој има една од најуспешните програми за вакцинирање во светот, прва земја што на своите граѓани им нуди трета доза на вакцина, пренесува АП.

„Објавувам почеток на кампањата за примање трета вакцина“, рече Бенет во обраќањето на националната телевизија.

„Реалноста покажува дека вакцините се безбедни, исто така, покажува дека вакцините штитат од тежок морбидитет и смрт. И како што вакцината против грип треба да се обновува од време на време, истото важи и за оваа вакцина“, додаде тој.

Одлуката доаѓа во време на зголемен број на инфекции и по објавувањето на резултатите од истражувањето кои покажуваат дека ефективноста на вакцините се намалува со текот на времето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com