24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Израел објави студија за четвртата доза на вакцините, научниците скептични

Најчитани вести

Израел е првата земја во светот која систематски ги повикува своите граѓани да се вакцинираат со четвртата доза. Таму главно се користи вакцината BioNTech / Pfizer. Научниците ги објавија податоците во понеделникот, на 17 јануари, околу три недели по почетокот на кампањата низ земјата, пишува Дојче веле.

Резултатите ги потврдуваат сомневањата на Европската агенција за лекови (ЕМА) од минатата недела. Марко Кавалери, кој е одговорен за стратегијата за вакцинација на ЕМА, на прес-конференција рече дека нема податоци за значајни ефекти од четвртата доза.

Некои земји, како Данска, Унгарија и Чиле, ја одобрија четвртата доза на вакцинација, и покрај загриженоста од регулаторните служби. Тедрос Гебрејезус, директор на Светската здравствена организација (СЗО), на крајот на декември рече дека дополнителната вакцинација со паушална стапка може да ја продолжи пандемијата наместо да ја прекине.

Кавалери, од друга страна, не само што укажува на недостаток на податоци за ефикасноста на повеќекратните дополнителни вакцини, туку исто така истакнува дека честите дополнителни вакцини може негативно да влијаат на имунолошкиот одговор против ковид-19. Ова може да доведе до „замор на имунитетот на населението“, кое веќе примило неколку дози вакцини.

Но, и оваа теза не е неспорна. Иако не постојат клинички податоци за недвосмислените позитивни ефекти од повеќекратните вакцини, не постојат научни докази дека честите вакцини може да доведат до замор на имунитетот. Оваа теза никогаш не била истражувана.

Кавалери веројатно се плаши дека повторената изложеност на антитела, како оние што се наоѓаат во вакцините, може да доведе до анергија на Т-клетките, сугерира професорката Сара Форчун од Факултетот за јавно здравје Харвард, од Одделот за имунологија и заразни болести, во писмена изјава до ДВ .

Во имунологијата, терминот анергија се однесува на недостаток на одговор на антигени со исклучување на имунолошкиот одговор. Енергијата на Т-клетките ги спречува Т-клетките да го нападнат вашето тело. Затоа тие не штитат од нашиот сопствен имунолошки систем.

Т-клетките, штом ќе влезат во телото, играат клучна улога во сузбивањето на Ковид-19.

Форчун вели дека загриженоста на Кавалери е научно оправдана. Сепак, неговиот страв попрво треба да се сфати како прашање – научниците треба да обрнат внимание на тоа. Со вакцината против Ковид-19, сè уште не е јасно дали оваа појава воопшто се јавува. Според неа, тоа не треба да влијае на политичките одлуки.

„Идејата да се вакцинираме на секои четири месеци или повеќе е нова. Тоа е нешто што никогаш не е видено со други видови на вируси. А помислата за (можен) замор на Т-клетките треба да биде причина за пауза“, вели Рајнхард Обст., професор на Институтот за имунологија на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен.

„Ако некој ме праша: „Еј, дали ќе се вакцинираш на секои четири месеци? или да кажам на секои два месеци, четири пати по ред… Тогаш би рекол: „Попрво биди внимателен и направи пауза“, вели Обст.

Холден Мекер, професор по имунологија на Универзитетот Стенфорд, во изјава за ДВ вели дека има податоци од Велика Британија кои покажуваат дека е поефективно со втората доза вакцина да се чека околу шест месеци. На имунолошкиот систем му треба време да изгради меморија.

Ова сугерира дека таканаречената „освежувачка“ вакцинација во кратки интервали не е корисна, истакнува Мекер. Од друга страна, „годишните вакцини против грип не нè повредуваат“, сите индикации се дека повремената повторна вакцинација против Ковид-19 е од корист.

Пол Офит, лекар за заразни болести на Детската клиника во Филаделфија и член на советодавниот одбор за вакцини при Управата за храна и лекови на САД (ФДА), верува дека „освежувачката“ вакцинација против Ковид-19 за целото население е стратешки погрешна.

Тој не е толку загрижен за можната анергија на Т-клетките, туку има принципиелни забелешки: тој смета дека здравствената стратегија, која има за цел да спречи релативно помали болести – е погрешна.

Така, од вакцината против Ковид-19 се бара невозможното. Веќе во третата фаза од студијата за квалитетот на вакцината на компаниите Модерна и Фајзер во декември минатата година во САД, постигната е ефикасност од 95 отсто против поблагите форми на болеста. „Тоа е неодржливо на долг рок“, вели Офит, додавајќи дека количината на неутрализирачки антитела се намалува со текот на времето.

Затоа, тој предвидува дека вакцинираните луѓе би можеле да развијат поблаги форми на болеста, „и тоа е во ред“, вели Офит. „Целта беше да се држат луѓето надвор од болниците, одделенијата за интензивна нега или мртовечниците. И вакцината го направи тоа. Но, ние ги означивме овие случаи како пробив, што според мене беше грешка во комуникацијата. Затоа поставивме стандард за оваа вакцина што не можевме да го примениме на ниту една друга вакцина (против респираторни заболувања).

Типичните вакцини против грип и ротавирус не штитат од полесни болести, но штитат од умерени до тешки форми на болести и тоа е поентата на сето тоа, смета Офит. Фокусот треба да се стави на давање на првата и втората доза на невакцинираните лица, а не на дополнителна вакцинација на лица кои веќе примиле две дози. „Тоа е глобална пандемија“, вели Офит. „Сите ние ќе страдаме од овој вирус додека не се стави под контрола низ целиот свет“.

Во овој контекст, третата, четвртата и петтата доза на вакцината претставуваат губење ресурси. „Ова нè одвлекува од она што навистина ни е потребно: да се осигураме дека луѓето ја добиваат првата доза од вакцината затоа што веројатно ќе не` заштити од сериозни болести долго време, дури и со години“, предупредува Офит.

Бустер има смисла за луѓето кои припаѓаат на ризичните групи, но верува дека заштитата само од омикрон не е доволна причина да се вакцинираат луѓето повеќе од еднаш. „Едноставно не ја разбирам поентата да се вакцинираат млади и здрави луѓе поради полесните форми на болеста“, вели американскиот лекар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com