-9 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Израел нападна воена позиција на Хамас во Појасот Газа по напад на возило на ИД

Најчитани вести

Израелските одбранбени сили (ИД) извршиле напад врз воен пункт на палестинското движење Хамас во Појасот Газа откако претходно беше нападнато инженерско возило на ИД, пренесува „Спутник“.

„Претходно денес беше пукано кон инженерско возило на ИД во непосредна близина на безбедносната ограда во северниот дел на Појасот Газа, при што беше оштетено возилото. Нема пријавени повредени. Како одговор на нападот, тенк на ИД пукаше кон воен пункт на Хамас во Газа “, напиша ИД на Твитер.

Хамас, сунитска милитантна организација која го контролира Појасот Газа, е во долготраен судир со Израел. Израел го смета Хамас одговорен за секој напад што доаѓа од Појасот Газа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести